| НЕШТО ЗА МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА Македонската Радио Телевизија (МРТ) е јавен радиодифузен сервис , чиј основач е Собранието ( Парламентот ) на Република Македонија.Нејзината дејност се состои во производство и емитување радио и телевизиска програма од сите жанрови : информативен , културно- забавен и образовен карактер за аудиториумот на Република Македонија но и за дијаспората во Европа и прекуокеанските земји преку сателитската мрежа на МРТВ . Работата на Македонското Радио започнала на 28 Декември 1944-та година , а за официјален почеток на Македонската Телевизија се смета 14 Декември 1964-та година .
Програмата на Македонската Телевизија се емитува на три канал и . МРТ веќе пет годин и емитува сателитска програма . МТВ емитува програма на јазиците на националностите и тоа на албански , турски , и на влашки , ромски и српски . со информативни делови , документарни , музички и образовни содржини . |